Слики кои го кршат срцето. Мачка тажи по своите убиени мачиња и се обидува да ги оживее. Мачиња кои без никаква причина ги убил некој бездушен човек. Мачињата кои биле толку мали што сѐ уште не ги ни отвориле очите биле најдени од некоја старица која со години се грижела за бездомните мачки во кинескиот град Ксиан.

mc01

Г-ѓа Јанг често ги храни мачките и им обезбедува кутии како засолниште. Но, многумина нејзини сограѓани не ја делат нејзината љубов кон мачките, при што многу од нив сметаат дека уличните мачки носат зарази или едноставно ги сметаат за штетници. Јанг еден ден ги видела маченцата и нивната мајка и им дала кутија, којашто ја сместила во една крајпатна градина близу нејзиниот дом.

mc02 mc03

Ги оставила во кутијата во околу седум часот наутро, но кога пет часа подоцна се вратила, ја здогледала потресната сцена како мачката оди наваму-натаму, мјаукајќи неутешно, врткајќи се околу нејзините две мртви маченца. Јанг се шокирала кога видела дека едното од мачињата било прободено во стомакот, а на другото му била отсечена главата. Јанг ги закопала мачињата, но мачката не сакала да си замине од местото и да се раздели од своите рожби.

mc04 mc05

„Како некој може да стори вакво нешто?“ се прашува Јанг.

Сподели на Facebook
пати видено