Мајка од Англија заминала на деловен пат и дома ја оставила нејзината 15-годишна ќерка сама, во мирното предградие во Линколн.
Таа не се надевала дека работите до тој степен ќе излезат од контрола и дека ќе ја пронајде куќата во ваква состојба.
Нејзината ќерка сакала да си подготви мала забава и затоа направила настан на Фејсбук. Таа мислела дека ќе се појават само неколку пријатели и ќе се забавува додека нејзината мајка не е тука. Но, објавата ја виделе повеќе луѓе и на нејзината забава дошле над 100 тинејџери.
Работите излегле од контрола и пијаните тинејџери скоро ја „демолирале“ куќата. Соседите кои изјавиле дека нивното предградие е секогаш многу тивко и дека не се сеќаваат кога последен пат некој повикал полиција за било што, биле шокирани кога ги разбудила огромната врева во 4 часот наутро.
Кога не престанале со вревата дури и во 7 часот наутро некој повикал полиција, а според сведоците тинејџерите ги гаѓале полицајците со стаклени шишиња. Откако полицијата успеала да ги растера тинејџерите и наводно да приведе неколку од нив, пристигнала и мајката на 15-годишната девојка.
Жената која сака да остане анонимна, не знаела што да каже кога видела дека најголемиот дел од собите биле целосно уништени.
Креветот во спалната бил скршен, а душекот уништен, исто така за време на забавата го скришиле и телевизорот и неколку плакари, а во дневната бил срушен и таванот.
Мајката не знае да објасни како се случило ова, а ниту пак нејзината ќерка. Таа во тоалетот пронашла и остатоци од дрога.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!