Новиот музеј има за цел да ги нападне мирисни сетила на посетителите и да го разлути нивниот стомак. Музејот е отворен пред неколку дена во третиот по големина град во Шведска, Малме. Внатре има разни експонати кои некои култури наводно ги јадат, како што се ферментирано месо од ајкула, пенис од бик, ферментирана харинга, сирење со црви и ларви од мравка, пенис на бик и многу други. Тоа е толку лошо што музејот им нуди на посетителите кеси за повраќање на влезот.
„Сакам луѓето да се сомневаат во она што го сметаат за одвратно и да сфатат дека одвратноста е секогаш во окото на гледачот“, изјавил Самуел Вест, основачот на Музејот на одвратна храна, кој исто така е познат по Музејот на неуспех. „Ние обично ги гледаме работите кои не ни се познати со одвратност, наспроти нештата со кои растеме и не ни се одвратни, без оглед на тоа за што станува збор.“, додава тој.
Во музејот постојат околу 80 експонати на храна. Голем број од овие деликатеси се од Азија и од Европа, така што на прво место е Кина проследена со САД. Навистина, има повеќе експонати од САД отколку од Централна и Јужна Америка, Африка и Австралија. Некои фаворити на САД кои се појавија на списокот се класичната процесирана храна Spam и Twinkies и пиво од корен. Но, навистина одвратни се „Остригите на Карпестите планини“, кои всушност се пржени тестиси од бик.
Постојат некои експонати кои всушност можат да имаат добар вкус но нивната подготовка предизвикува екстремно страдање за животните од кои се подготвуваат. Тука спаѓаат: Француска паштета од патка, гурмански оброк направен од црн дроб на патка, која се гои со принудно хранење преку цевка за хранење; мајмунски мозок кој се јаде во Кина, често додека животните се уште се живи; Кинеско вино со глувци, кое се подготвува така што мали глувчиња се дават во врело вино.
Поголемиот дел од експонатите во музејот се вистински и свежи, освен оние кои се екстремно тешки за наоѓање, или храната што произлегува од суровоста кон животните. Тие се претставени со пластични модели или фотографии. „Смрдливите“ експонати се сместени во посебни тегли за да не се прошири мирисот. Скоро сите експонати треба да се менуваат секој втор ден, со што музејот е прилично скап за одржување. Затоа музејот ќе биде отворен само три месеци, до крајот на јануари 2019 година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!