Имаме лоша вест за хипстерите „дрвосечачи“ и за жените на кои им се допаѓаат мажи со големи бради. Научниците ја завршија својата работа и открија дека во брадата на еден маж има повеќе бактерии отколку што носат кучињата во своите крзна.
Алармантната вест следи по една студија во која се откри дека секоја брада во која се земени примероци се индексира со бактерии, а речиси половина имале бактерии кои биле опасни по човековото здравје.
Спротивно на тоа, голем број на тестирани кучиња се покажале дека имаат пониски нивоа на микроорганизми. Сега мажите се лути поради резултатите тврдејќи дека резултатите произлегуваат од поногофобија – ирационалниот страв од бради.
Во студијата, научниците сакаа да откријат дали постои ризик дека луѓето би можеле да се заразат МНР скенер кој бил исто така користен од ветеринари за испитување на кучиња. Истражувачите земале брисеви од брадите на 18 мажи и вратот од 30 кучиња, со различни раси и ги споредиле резултатите.
Професорот Андреас Гутзеит од швајцарската клиника Хирсланден рече: „Истражувачите откриле значително поголемо бактериско оптоварување кај примероци земени од брадите на мажите во споредба со крзното од кучиња“. Студијата покажа дека сите брадести мажи, на возраст од 18 до 76 години, покажале висок микробиолошки број, но само 23 од 30 кучиња имале висок процент. Остатокот имал умерени нивоа.
Седум мажи дури откриле дека имаат микроби кои претставуваат закана за здравјето на луѓето. По испитување на апаратот за МНР на кучињата, скенерите биле дезинфицирани и покажале значително пониско ниво на бактерии во споредба со нивоата забележани кога се користат од страна на луѓето.
„Врз основа на овие наоди, кучињата може да се сметаат за почисти во споредба со брадестите мажи“, вели д-р Гутзеит.
Но, Кит Флет, основач на „Фронт за ослободување на брадата“, кој се противи на дискриминацијата фрлил сомнеж врз извештајот велејќи: „Мислам дека е можно да се најдат многу непријатни нешта ако земате брисеви од косата и рацете на луѓето и потоа ги тестирате. Не верувам дека брадите сами по себе се нехигиенски. Се чини дека има постојан прилив на негативни приказни за брадите кои сугерираат дека се работи за поногофобија.“