Бездомник, сега има работа и се откажал од дрогата благодарение на љубезноста на бизнисменот кој „сакал да му даде шанса“. Секој ден после работа, сопственикот на авто перална, Шеџад Заман поминувал покрај Крис Вилкс, кој спиел на улицата. Заман одлучил да му помогне на 23-годишното момче откако забележал дека питачи на улицата во Спаркбрук, Бирмингем. Тој не само што му овозможил да работи во неговата авто перална, туку му обезбедил и сместување.
Крис ја прифатил неговата улога со таков ентузијазам штотој дури се појавил и во промотивно видео за бизнисот.
Заман вели: „Го видов Крис на улицата веднаш до гаражата, кога завршив со работа. Тој собираше пари до семафорите и му реков: ‘Ти си локално момче ти не треба да го правиш тоа, дојди да работиш за нас.’ Тој дојде на пробен период од две недели и ми покажа дека е способен да го направи она што го правиме ние. Сега работи со скратено работно време и му најдов соба во една од куќите на мојот син. Крис има многу проблеми, но сакав да му дадам шанса да направи нешто од својот живот. Тој е среќен и ужива да работи со нас.“
Промотивното видео, кое било објавено на бизнис страницата на Фејсбук прикажува како г-дин Вилкс танцува и рапува за услугите на гаражата.
Крис вели: „Јас бев бездомник пред неколку месеци, бев зависен од дрога, но сега сум чист. Порано спиев лошо во мојот автомобил или пред влезовите на продавниците. Седев на некои семафори на патот Стратфорд во Бирмингем и питачев до еден ден кога дојде мојот шеф Шеџад и ми даде шанса.“
Вработените во оваа авто перална спроведуваат добротворна мисија секој Божиќ. Гестовите најчесто вклучуваат давање храна на бездомниците, но оваа година Шеџад само требал да погледне до влезот на неговата перална.