Сујата Сетиа е познат, наградуван фотограф од Англија. Кога нивното семејство се зголемило за уште еден член, нивното куче Мустанг, Сујата решила да го овековечи овој момент така што ќе направи фотосесија од нејзината ќерка Ајат заедно со Мустанг.
На почетокот додека работела заедно со нејзиниот сопруг ниту една фотографија не одговарала на нејзиниот вкус, но штом ги оставиле кучето и малото девојче самите да се забавуваат, излегле навистина магични фотографии кои ја покажуваат нераскинливата врска помеѓу овие две слатки суштества.