Познатата Саграда Фамилија конечно ќе добие дозвола за градба, 136 години по започнувањето на работата на уште недовршената црква.
Изградбата на базиликата, дел од светското наследство на УНЕСКО, која е најпосетуваната туристичка атракција во Барселона, започна во далечната 1882 година врз основа на дизајнот на архитектот Франциско де Паула дел Вилар y Лозано.
Меѓутоа, кога тој поднел оставка, архитект Антони Гауди го преземал дизајнот во 1883 година. Објектот нема да биде завршен до 2026 година – сто години откако почитуваниот архитект бил убиен од трамвај во градот. Неговото тело е погребано во средина на внатрешноста од неговото ремек-дело, Саграда Фамилија.
За да ги стават документите за хартија, црквените власти се согласија конечно да ѝ платат на владата на главниот град на Каталонија 36 милиони евра за градежна дозвола.
На Гауди му било кажано да ги среди документите уште во 1883 година, но архитектот не успеал да го стори тоа и сепак продолжил со изградбата. Гауди и неговите дела станаа симболи на туристичкиот град во Каталонија. Саградата де Фамилија сама по себе привлекува 4,5 милиони туристи годишно.
Саграда Фамилија била осветена како католичка црква дури во 2010 година, кога Папата Бенедик претседавал со церемонија за да се овозможи официјално обожавање во објектот.