Армијата на САД зема во предвид да се наоружа со едно од најопасните оружја со цел да се спротистави на нуклеарната технологија на Русија. Наречен “Проектил на кинетичка енергија,” оваа боева глава од волфрам се движи три пати побрзо од брзината на звукот и уништува се на својот пат.

Откако ќе се лансира, проектилот се распрснува на повеќе метални парчиња обвиткани во пламен, кои можат да пробијат било каков вид на воена опрема, како на пример тенковите. Боевата глава за прв пат беше тестирана во 2013 година во воздухопловната база Холоман во Ново Мексико и пробата беше третирана како успешна од страна на Министерството за одбрана.

Сузан Херд, специјален советник на директорот на стратешка борба во изнтервју за прес службата на Американските Сили, овој тест го нарече како голем напредок за развој на технологијата и додаде: “Успешноста на тестот за голема брзина на “Проектилот на Кинетичка Енергија” е од голема важност, затоа што е неопходен чекор за напредок во конвенционалните брзи способности за напад.”

Одлуката да се активира оваа оружје се разгледува најмногу од причината што Русија има оружје четири пати посилно од “Мајката на сите бомби” на САД, кое уби 36 милитанти на ИСИС во Авганистан минатата недела. Поради тоа Армијата на САД тргна во потрага по свое “супер оружје,” која ги доведе до “Проектилот на Кинетичка Енергија”.

Проектилот се движи со брзина од над 1000 метри во секунда. “Скоро никој не може да го преживее. Ако сте во тенк во битката, можеби има шанси да преживеете, но возилото нема да е во функционална состојба а се околу вас ќе биде уништено,” изјавил Генерал-мајор Вилијам Хикс, одговорен за стратегија, планови и политиката на армијата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено