Ловците на богатства велат дека нашле одамна загубен воз, кој бил скриен при крајот на Втората светска војна, за кој се зборува дека содржи богатства кои ги ограбиле нацистите за време на војната. Местоположбата на возот не е објавена во јавноста, како ни слики од златото, накитот, сликите и оружјето коишто наводно се наоѓаат во возот. Но, еве што се знае за тој воз.

Исповед на смртна постела

v01

Како и сите добри мистерии со скриени богатства, оваа започнува со исповед на смртна постела. Еден од луѓето инволвирани во криењето на возот пред седумдесет години наводно открил каде е скриен возот. Според него, тој се наоѓа во ридиштата близу полскиот град Валбжих во област која порано била дел од Германија.

Кој го нашол возот?

v02

Полјак и Германец истапиле како луѓе кои го нашле возот, и преку нивните адвокати барале десет проценти од сѐ што ќе се најде во него. Сега ловците на богатства од Вабжих и околината ја пребаруваат пругата со детектори, надевајќи се на џекпот.

Зошто било потребно да минат 70 години за да се најде?

v03

Бидејќи возот најверојатно е скриен во лавиринт од подземни тунели. За време на Втората светска војна, воените заробеници биле задолжени да копаат тунели како дел од „Операцијата Џин“. Тунелите требало да се употребат како воени штабови, командни центри и мрежа од подземни фабрики.

Значи имало и тајно скривалиште?

v04

Да, и тоа повеќе. Во Бувската гора биле ископани седум структури, почнувајќи од 1943. Најпрвин биле искористувани воени заробеници за копањето, но Адолф Хитлер не бил задоволен од брзината на напредувањето и во април 1944 почнал да гористи работници од концентрационите логори.

Дали би можело да има богатство во замокот?

v05

Сосема возможно. Најдобро воспоставениот комплекс на тајни скривници се наоѓа во замокот Ксенж, во чијашто близина ловците на богатства велат дека го нашле возот. Нацистите го освоиле замокот на почетокот на војната и набргу почнале да му ја менуваат внатрешноста и да копаат тунели под него. Тесна пруга ги поврзувала тунелите со блискиот град.

Дали некој видел некаков доказ?

v06

Овој човек вели дека видел. Полскиот заменик министер за култура, Пјотр Жуховски, потврди дека на радар ги видел контурите на возот. На прес конференција изјавил дека е 99 проценти сигурен дека возот постои.

Како изгледал возот?

v07

Жуховски изјавил дека сликата на радарот покажала куполи со митралези. Нацистите повремено користеле оклопни вагони во битките. Покрај големите топови и митралези, се раскажува дека во возот се скриени 30 тони воен плен, во поголемиот дел злато, накит, како и оружје.

Внимавајте на стапиците

v08

Властите се загрижени дека на нацистичкиот воз со злато можеби се поставени најразлични стапици. жуховски ги предупредил ловците на богатства да не го отвораат возот од безбедносни причини, како и од страв нешто

Зошто возот не бил најден до сега?

v09

Не дека не се обидувале. Народните преданија во Валбжих раскажуваат дека возот исчезнал во близина на замокот Кенж, кој се наоѓа на 3.2 километри од градот. Според локалните легенди, возот го напуштил поголемиот град Вроцлав и се упатил во скришните тунели под планините. Кога Полска била под комунистичка контрола, и армијата била ангажирана да се најде возот.

Дали возот навистина постои?

v10

Кој знае. Локалните власти се обиделе да ја смират возбудата, изјавувајќи на прес конференција дека новата информација не е „ништо посигурна од сличните тврдеа во изминатите децении.“ Во исто време, армијата повторно била пратена да истражи, а властите ја блокирале пошумената област крај пругата. Пругата сѐ уште е во употреба, и еден човек за малку не бил удрен од воз.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено