Џон Оух се опишува себе како „придружник на жени“ во Сиднеј и околу него. Тој претходно работел како ИТ техничар, но вели дека парите и „задоволството“ се поголеми во неговтаа нова професија. Тој наплаќа по 2.300 долари за целодневно „дружење“ но има голем број на цени кои започнуваат од 400 долари за еден час.
Тој вели дека жените повеќе се свртуваат кон сексуалните работници за физички контакт отколку кон љубовните врски. „Како сексуален работник, мојата мотивација е пред сè да го натерам мојот клиент да се чувствува безбедно и почитувано. Не е за мене. Не е за тоа што јас сакам. Сѐ е за неа “.
Џон вели дека жените не ги сакаат апликациите како Тиндер за задоволување на потребите затоа што можат да налетаат на секакви мажи и затоа преферираат да платат за задоволство, кое е побезбедно според нив, затоа што тој секогаш користи и соодветна заштита.
Неговиот ИТ бизнис бил целосно уништен од финансиската криза и тој решил ескорт бизнисот да му биде споредна работа. Така било 3 години додека не сфатил дека повеќе му се исплати работата на „придружник“. Џон веќе 9 години работи како ескорт.
Тој вели дека жените сакаат ескорт мажи затоа што не мора да се грижат за задоволување на машкото его. Тој освен што поминува по една вечер или неколку часа со клиентките, исто така наплаќа екстра доколку некоја клиентка сака да го носи на одмор.
Еден час со него чини 400 долари, два чинат 600 долари и секој додатен час се наплаќа 300 долари. Четири часа со вечера или ручек со него чинат 1.000 долари, една помината вечер од 7 навечер до 9 наутро чини 1.600 долари, а 24 часа 2.300 долари. Тој исто така држи часови за сексуално образование кои чинат 400 долари.