Повеќето семејства би се преплашиле ако за време на семејниот излет крај нивниот шатор се појави мечка. Но, едно руско семејство со себе го повело мечокот Степан, за да им се придружи во привременото бегство од градот. И наместо да им го уништи шаторот и да им ја украде храната, мечката си игра заедно со нив, па дури и јаде заедно со членовиите на семејството.
Степан, кафеава мечка, е питом и често го користат за филмови и ТВ серии. Мајката Светлана вели: „Се разбира дека отпрвин бевме малку исплашени – мечката е огромна! А и не знаевме како ќе реагира нашата ќерка Мира. Но, се помина во најдобар ред. Степан е како големо, добро куче. Би рекла дека се чувствувате безбедно и сигурно во неговите шепи. Дури и јас, како возрасна, се почувствував како во некоја бајка. Не можам да замислам како му беше на детето. Мира беше воодушевена. Секој ден зборува за тоа. Само за Степан зборува.“