Илјадници девојки и млади жени во Русија ја продаваат својата невиност, откако ќе најдат богати „спонзори“ на интернет. Мрежите на специјализирани дилери и извидници активно регрутираат девици и ги поврзуваат со богатите бизнисмени, земајќи такси кои можат да се движат помеѓу неколку стотици и десетици илјади евра. Во други случаи девојките сами ставаат реклами, во кои го продаваат „правото на прва вечер“, на форуми и веб-страници.
Во една реклама на форумот наречен „Клуб на лоши девојки“ пишува: „Бараме невини девојки под 19 години… Паметни, убави, шармантни, од сите градови во Русија. Билетите се на наша сметка, Москва и назад, 1-2 дена …. Тип на девојки – како на фотографијата.“ На рекламата е прикажана млада девојка во долна облека .
Друг руски форум кој регрутира млади девојки, се вика „Клуб на очајни девици“. 19-годишна девојка од Москва под името Милана Мерсер во една „типична“ онлајн реклама напишала: „Ја продавам невиноста ве молам пратете ми приватна порака. Јас сум од Москва, имам 19 години, 175 см (висока), тежина – 65 кг.“
Друга реклама гласи: „Девојка. 17. Ја продава невиноста. Детали во приватна порака.“ Еден сајт дури и го промовира продавањето на невиноста така што стои фотографија од девојка која наводно се вика Марина и пишува: „Марина ја продаде својата невиност за 1,5 милиони рубли и купи одличен стан.“
20-годишната Анастасија од индустрискиот град Магнитогорск, дала интервју за едно руско списание дека сака да ја продаде нејзината невиност за да помогне во плаќањето на третманот за рак на нејзината мајка. Таа чека понуда од 300.000 рубли.
„Наместо само да ја изгубам мојата невиност, подобро е ако заработам малку пари“, изјавила 18-годишната Лена од Москва. „Тоа не е проституција. Сакам да се запознаам со богат човек и да се обидам да стапам во врска со него“, објаснила 19-годишната Даша. Рита, 18 години, од Ростов вели: „За да започнете бизнис, потребен ви е капитал. Вие не можете да направите многу со обична работа, но тука дури и не треба да правите ништо.“
38-годишниот Дмитриј од Сибир изјавил дека двапати „купил“ 18-годишни девици со цел да најде жена која „немала уште некого“. Првата чинела 1.400 евра, втората 995 евра, но не успеал да ја пронајде жената што ја сакал. „Таа се обиде (за време на сексот) да не покаже емоции. Ја прашав како се чувствува и таа рече дека и е непријатно, а потоа таа почна да ужива.“, вели Дмитриј.
Во просек девојките се исплаќаат од 200.000-300.000 рубљи. Плаќањето зависи од возраста и изгледот. Совршениот тип е од 17 до 18 години, ниски, слатки и скромни. Во просек секој менаџер продава десет девици месечно, заработувајќи околу 300.000 рубљи. Но, многу жени одат на хируршка интервенција за да ги обноват своите химени, а потоа „измамничките“ ги уверуваат мажите дека се уште се девици и наплаќаат за „услугата“ на профитабилниот пазар.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!