Крај селото Даргавс во Северна Осетија, Русија, се наоѓа голема надземна некропола со детално уредени древни гробници, наречена „Град на мртвите“ – место каде што луѓето кои живееле во долината ги погребувале нивните сакани заедно со нивната облека и личните предмети. Долината се протега 17 километри, а гробиштата содржат 99 одделни древни гробници и крипти. Првото спомнување на Градот на мртвите датира од почетокот на 14. век (но некои извори велат дека најстарата крипта датира од 12. век).
Предците на Осетијците се населиле на петте планински гребени, но некрополата била сместена на толку недостапно место поради тоа што во тоа време земјиштето било многу скапо, па така тие избрале нивните гробишта да се наоѓаат на релативно неупотребливо земјиште.
Поставеноста и „планот“ се многу слични на некрополата во Итум-Кали, каде што гробниците и криптите се поставени на ридиштата или планинските падини, збиени една до друга, иако поединечни крипти се поставени на поголемо растојание едни од други. На највисоката точка, или барем повисоко од другите градби, мора да има кула која ќе ги варди мртвите.
Жителите ги закопувале нивните мртви на ова место стотици години и во секоја крипта можат да се најдат човечки черепи и коски. Интересно е тоа што телата во криптите биле закопувани во дрвени структури кои наликуваат на чамци. Иако нема пловни реки во близина на селото, се мисли дека овој обичај е поврзан со легендата дека мртвиот по смртта мора да мине преку широка река.
Друг интересен факт е тоа што пред секоја крипта има бунар во кој семејството на починатиот фрлало паричка со надеж дека таа ќе удри во камен, што се сметало за знак дека починатиот ќе оди во рајот.
Во врска со ова место кружат многу митови и легенди. Се вели дека чуми коселе цели семејства. Според една легенда, во 19. век чума косела низ Осетија, истребувајќи 90 отсто од населението. Болните изградиле куќи-карантини за да се изолираат од селото, трпеливо очекувајќи ја својата смрт. Кога умреле, нивните тела биле оставени да скапуваат во овие куќарки.
Според друг мит, местото е проколнато и секој човек кој би се осмелил да зачекори во него никогаш нема да излезе жив, и токму ова е една од причините поради кои жителите се обидуваат да го избегнуваат Градот на мртвите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.