Рустам Мудаев орајќи ја нивата од земјата извадил еден бронзен сад, кој му личел дека е многу стар. Тој веднаш отишол до музејот на градот Астрахан, од каде што веднаш испратиле археолози на терен. За време на ископувањата се покажа дека ова се остатоци од водач на сарматско номадско племе. Овие племиња доминирале во овој дел на Русија до 5 век од н.е.

Ископувањата траеле 12 дена и во гробот се пронајдени ножеви, огледало и златен накит со тиркизни украси. Земјоделецот за својот пронајдок не доби речиси ништо.

Сподели на Facebook
пати видено