Понекогаш занаетчијата може да биде премногу добар, како што е случајот со Михаил Зајков. Лицата на неговите уметнички кукли се толку реалистични, што прави да се чувствувате неудобно кога гледате како ги држи главите во своите раце, чиниш уште малку ќе почнат да трепкаат.
Зајков дипломирал на Кубанскиот државен универзитет во Русија во 2009 година. Од 2010 до 2013 работел во куклен театар. Се прославил со изложбата „Уметнички кукли“ во 2013 година. За изработка на куклите употребува полимерна глина, рачно обоени стаклени очи од Германија и француски мохер за косата.