Русинката Татјана Тузова со право може да се нарече жива Барби кукла, бидејќи таа никогаш не работи и не се дружи со други луѓе. Според неа, од детството таа била фасцинирана од убавината на Барби куклите, па затоа секогаш сонувала да стане како една од нив кога ќе порасне. Во детството родителите ѝ велеле дека многу личи на барбика и таа почнала да ја негува таквата слика.

Така, необичното хоби на Татјана се претворило во нејзиниот вистински живот. Таа редовно оди на фитнес за да се одржи во форма, ја бои косата и користи специјална шминка.

Покрај фактот што Татјана постојано работи на својот изглед, таа има огромна колекција кукли за која до сега потрошила над 100.000 евра. Во колекцијата на Татјана има 1520 оригинални Барби кукли, меѓу кои има и колекционерски и многу ретки кукли, кои се екстремно скапи.

Девојката нема пријатели (ова таа го изјавила во едно интервју), но не ѝ пречи, затоа што таа го сака овој начин на живот. Од каде има толку пари за да не работи ништо во животот? Нејзиниот необичен изглед привлекол многу фанови на нејзиниот канал на YouTube, од кој редовно заработува добри суми.

„Сакам да бидам сама, никој да не се меша со моите мисли. Ми се допаѓа мојот свет“, објасни „живата Барби“ во интервјуто.

Сподели на Facebook
пати видено