Заборавете го боксот или UFC, нов брутален спорт почна да ги „освојува“ луѓето. Се појавија нови снимки од „натпреварот за шамари“ кој стана нов „спортски тренд“ кој ја зафати Русија и поранешниот Советски Сојуз.
Во Киргистан, „шампионите“ наизменично си удираат шлаканици се додека еден од нив не се откаже, односно падне или колабира, што може да се види од видеото најдолу.
Според правилата, учесниците не можат да избегнат или да ги одвратат насилните шлаканици на своите противници и од конкурентите се бара да ја примат „целата сила на ударот“. Изненадувачки, бизарниот спорт доаѓа со физички ризици. Конкретно во овој натпревар еден од натпреварувачите имал скршен заб, а друг изместена вилица. Наградата за победникот изнесувала 1.200 евра.
За разлика од другите организирани спортови, како бокс или UFC, удирањето шлаканици нуди еднакви можности за сите, не мора да бидете спортист само треба да бидете подготвени да примите што е можно повеќе шлаканици. Да направиме петиција за да стане олимписки спорт?
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!