30 доброволци кои ќе го поминат кастингот ќе отидат во сибирската тајга да се борат за награда од 100 милиони рубли (1,5 милиони евра).
Шоуто е инспирирано од филмот „Игри на изгладнување“, а организатор е бизнисменот Евгениј Пјатковскиј од Новосибирск, кој веќе има искуство во вакви работи, но од помали размери.
Она по што ова шоу ќе се разликува од другите е што учесниците ќе може да прават сѐ, дури и да го кршат законот.
Ќе живеат на 900 хектари земја, каде ќе ги набљудуваат 2000 камери.
Со себе можат да носат вкупно 100 килограми лични работи, кои ќе им помогнат да преживеат во суровата дивина 9 месеци, вклучително и сибирската зима. Единствена забранета работа им е огненото оружје, додека ладно не е проблем, дури и е неопходно за преживување.
Кастингот е во тек, а кандидатите мораат да потпишат изјава дека може да бидат осакатени, силувани, па дури и убиени. Иако ќе им биде дозволено сѐ, мораат да бидат свесни дека бидејќи се на територијата на Русија, полицијата може да дојде и да ги уапси, врз основа на нивните постапки.
Шоуто ќе започне на 1 јули 2017 година.