Елена Шумилова, талентиран фотограф од Русија создава магично прекрасни фотографии сликајќи како децата и животните уживаат во селскиот живот. Нејзините фотографии се полни со идиличната среќа на селскиот живот, а пријатната и безвременска природа е позадината за нејзините модели – нејзините деца и армијата прекрасни животни на нејзината фарма.
Како што вели таа „Децата и животните – тоа е мојот живот. Јас сум мајка на два сина и на фармата поминуваме многу време.“ Можеби за квалитетот на нејзините фотографии придонесува и нејзиниот избор да ја користи природната светлина. Шумилова слика со Canon EOS 5D Mark III и леќи од 135mm. „Кога сликам, ја претпочитам природната светлина – и внатре и надвор. Ги сакам сите видови на светлински услови – улични светла, светлина од свеќи, магла, чад, дожд и снег – сѐ што би дало визуелна и емоционална длабочина на сликата.“