Виталиј Јегоров успеал да собере еден милион рубљи на интернет за да финансира нова мисија на месечината. На вселенскиот ентузијаст и специјалист за односи со јавноста толку му се смачиле теориите на заговор кои сугерираат дека слетувањата на месечината на Аполо биле лажирани, што решил самиот еднаш засекогаш да докаже дека историските мисии на месечината навистина се случиле.
Со поддршката од група инженери, Јегоров започнал кампања за собирање на донации на интернет со цел да се соберат средства за изградба на сателит кој се надева дека ќе супее да го лансира во орбитата на месечината од кадешто ќе снима слики со висока резолуција на местата кадешто слетувале американските мисии Аполо. На негово изненадување, кампањата го надминала почетниот праг од 800.000 рубљи за само неколку дена.
Како вработен во приватната аеровселенска компанија Дауриа Аероспејс, Јегоров долго време се интересирал за вселенските истражувања и веќе подолго време размислувал за сателитска емисија на месечината. Иако почетните средства сѐ уште не се доволни за лансираат сателит во вселената, тие се надеваат дека со нив ќе ги покријат трошоците за истражувачката фаза од проектот и дека тоа ќе вреди со плод. Според проценките, за да изгради и лансира вселенското летало, би биле потребни помеѓу пет и десет милиони долари.
Дали мисијата, којашто провизорно се планира за во 2020 година, ќе успее да ги замолчи теоретичарите на заговори и ќе докаже дека слетувањата на месечината навистина се случиле, останува да се види.
„Да се доведува тоа во прашање значи да се доведува во прашање компетенцијата на сите советски вселенски специјалисти“, изјавил Јегоров за The Moscow Times. „Сосема било невозможно да се измамат луѓето на таков начин. Ако имало некаков сомнеж, веднаш ќе се докажало дека блефираат.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.