Летањето со миленичиња е и тешко и скапо. Работите се влошуваат кога не можете да ги задржите во кабината со вас и вашите сакани се ставени во товарниот простор.
Фрустрирани сопственици, кои сакаат да бидат сигурни дека нивните миленици се безбедни и им е удобно за време на летот бегата подалеку од товарниот простор како од чума. Некои дури одат дотаму што се обидуваат да ги измамат авиокомпаниите.
Неодамна, Михаил Галин, човек од Русија, стана „познат“ затоа што го сторил токму тоа – ја прошверцувал својата мачка која не ги исполнила барањата за тежина во авионот. Сепак, неговите постапки не дојдоа без последици, бидејќи авиокомпанијата „Аерофлот“ одлучи да го отстрани од програмата за летање заради непочитување на правилата.
По престојот во Рига, Галин патувал назад во родниот град Владивосток. Тој се изнервирал кога вработените на аеродромот одбија да му дозволат на неговиот симпатичен мачор Виктор да лета во кабината. Тие рекле дека неговата прилично „буцкаста“ мачка која тежи 10 килограми е 2,5 килограми над дозволената граница. Според политиките на Аерофлот, Виктор требало да биде сместен во товарниот простор. Сепак, Галин одби да дозволи тоа да се случи.
Така, човекот излезе со детален план да му помогне на пријателот да остане близу до него, така што ги измамил вработените дека неговата мачка и не е толку дебела. И тој го стори тоа на прилично едноставен начин. Галин на социјалните мрежи објави барање за помош во кое ги прашува луѓето дали можат да му позајмат мачка слична на Виктор.
Тој успеа да најде исклучително слична мачка која тежи многу помалку од Виктор. Потоа, Галин ги заменил мачките на проверката и ја вратил позајмената мачка на пријателката и успешно се качил во авионот со Виктор во рацете.
Снимките за надзор потврдија дека Галин ги прекршил правилата на авиокомпанијата со заменување на Виктор за слична мачка. Авиокомпанијата донесе одлука да го исфрли човекот од честата програма за патници и да му одземе 400.000 пролетани милји од неговата сметка.