Масивната подморница од Тајфун класата наречена Димитриј Донски ќе заплови во “базенот на НАТО”. Со должина од 175 метри и вооружана со 20 нуклеарни проектили и уште 200 смртоносни оружја оваа подморница била страв и трепет за време на Студената војна.
Димитриј Донски ќе замине од водите на Белото море и ќе патува околу Норвешка и Данска преку водите на Балтичкото море. Кремљ закажал парада за подморницата во Санкт Петербург, каде што ќе послужи како потсетник за светот на неверојатната нуклеарна моќ на Русија.
Подморницата е наречена по Московскиот принц Димитриј Донски кој владеел од 1359-1389 година. Таа била распоредена од советската армија во 1980 година откако била развиена во рамките на Проектот 941 Руска Ајкула класа. Може да остане потопена во период од 120 дена и е опремена со 6 торпедо цевки, исто така е доволно голема за да собере 160 членови на екипажот.
Причината за изградбата на подморницата е амбицијата на Русија да направи поголема подморница од таа на САД. Подморницата на САД била од Охајо класа и можела да носи 192 боеви глави.
Секако Рускиот модел бил поголем и потежок и биле изградени 6 вакви подморници. Димитриј Донски е еденствената која е сеуште во употреба, но нејзините оперативни задачи се намалени и служи како платформа за тестирање на Булава проектилите. Причината на присуството во Балтичкото море ќе биде само за “фалење” поради плиткоста на водата.