Она што некогаш беше само дел од филмовите како „Ѕвездени патеки“, би можело да стане реалност во догледна иднина. Барем така тврди Александар Галитски, инвеститор во нови технологии. „Денес тоа звучи фантастично, но во Стенфорд веќе биле изведени успешни експерименти на молекуларно ниво“, вели тој. „Поголемиот дел од технологијата која ја користиме денес, е всушност развиена по идеја на научно-фантастичните филмови од пред 20 години“.
Плановите за систем за телепортирање предмети и луѓе на големи далечини е дел од долгорочната руска стратегија за развој на кибернетскиот пазар. Со оглед на тоа што таков механизам за телепортирање сѐ уште не постои, можеби сепак овој проект е малку преамбициозен, особено со оглед на зададениот временски рок. Но, останува да видиме.