Русија ќе забрани да се продаваат цигари за сите луѓе родени по 2015 година, како дел од долгорочната програма за искоренување на пушењето во земјата. Овој предлог, кој е поддржан од претседателот Путин, кој и самиот е непушач и голем поборник на здравиот живот, ќе ја направи првата земја во светот која полека целосно ќе го искорени тутунот како стопанска гранка.

pt01 pt02

Секоја година од болести поврзани со пушењето умираат речиси 400 000 Руси, но агенцијата Тас известува дека овој последните 10 години овој број опаднал за 10 отсто. Рускиот претседател и неговите советници се решени да ја искоренат навиката која не е лоша само за здравјето на рускиот народ, туку и за нивната економија. Имено, пушењето традиционално е популарно во Русија, но таму не се одгледува тутун, поради што мора да се увезува од Куба, Грузија или централна Азија. Никола Герасименко од рускиот парламентарен комитет за здравство вели: „Оваа цел е апсолутно коректна во идеолошки поглед.“

pt03

Портпаролот на Кремлин Дмитри Песков вели дека предложената забрана ќе изискува сериозна дискусија, но вели дека е автентична аспирација. Во 2015 година во рускиот парламент се дискутираше за забрана на продажбата на цигари за сите жени под 40 години, како и за сите млади мајки. Но, најновиот предлог-закон иако се чини дека е помалку радикален, ќе има поголем ефект, гледано долгорочно. Според официјалните статистики, во Русија пушат 51 отсто од машкото, и само 17 отсто од женското население.

RUSSIA-CUSTOMER-CIGARETTES

Сподели на Facebook
пати видено