Русија ја прикажа својата најнова нуклеарна подморница под будното око на претседателот Владимир Путин. Подморницата наречена Белгород, беше пуштена од фабриката Севмаш восеверозападниот дел на Русија, додека Путин ја набљудуваше ситуацијата преку телеконференција.
Белгород е дизајниран да носи нуклеарни вооружени дронови Poseidon, фатално оружје за кое Русите тврдат дека ќе може да уништи цели градови, така што ќе предизвика цунами.
Михаил Будниченко, директор на бродоградилиштето, за време на церемонијата на отворање изјави дека „бродоградителите на претпријатието ќе ги исполнат сите задачи за изградба на бродови во утврдената временска рамка и со висок квалитет“.
Нуклеарниот реактор ќе биде тестиран подоцна оваа година, а морски испитувања се планираат за 2020 година и распоредување до крајот на таа година.
Путин првпат го спомна беспилотното летало со нуклеарно оружје меѓу низа други нови оружја минатата година во обраќањето до нацијата, велејќи дека тие ќе ги направат американските ракетни одбранбени системи бескорисни.
Беспилотните летала се изградени во слична форма како торпеда, но се многу поголеми од конвенционалното оружје – со должина до 24 метри – поради што треба да се носат со специјално дизајнирани подморници.