Врховниот суд на Русија стави забрана на организацијата Јеховини сведоци, категоризирајќи ги како екстремистичка организација, што значи 175.000 членови на Јоховини сведоци во Русија ќе бидат на исто ниво со приврзаниците на ИСИС.
Врховниот суд ја донесе оваа одлука откако Министерството за правда поднесе жалба да се затвори главното седиште на организацијата, близу Санкт Петербург. Обвинителите ја опишаа организацијата како уништувач на семејства, поттикнувач на омраза и дека го загрозуваат животот на луѓето. Властите ставија неколку од нивните објавени книги на листата за забранета екстремистичка литература.
Организацијата вели дека овој опис на Јеховините сведоци е лажен. Адвокатот Светлана Борисова пред судот изјави: “Јеховини сведоци претставуваат закана за правата на граѓаните, јавниот ред и јавната безбедност.” Борисова, исто така, рече дека организацијата се противи нејзините членови да извршуваат трансфузија на крвта, а со тоа ги прекршуваат законите за здравствена заштита.
Имотот на организацијата ќе биде конфискуван од страна на државата. Религиозната група има 30 дена на одговори со жалба, инаку пресудата ќе стапи на сила. Јеховините сведоци се регистрирани во Русија од 1991 година и повторно се регистрираа во 1999 година, но секогаш биле предмет на бројни остри мерки.