Во регионот Кемерово, во близина на селото Каракан во Русија, над тромеѓето со Кина и Монголија, во „Караканскиот рудник за јаглен“ бил ископан овој 200 килограми тежок диск направен од многу цврст материјал, како некој чуден камен или многу цврста глина. Дијаметарот на дискот е 120 сантиметри, најден е на длабочина од 40 метри. На длабочина од 25 метри веќе наоѓале коски од мамути што укажува на тоа дека дискот е многу постар од мамутите.