Се проценува дека има околу 7.000 говорни јазици во светот, од кои речиси половина се во опасност од исчезнување и веројатно ќе исчезнат во следните сто години. Повеќето од овие загрозени јазици имаат помалку од неколку илјади луѓе кои го зборуваат јазикот и нема документација за истиот. Речиси петстотини јазици имаат помалку од десет луѓе кои ги зборуваат и веројатно многу брзо ќе исчезнат. Другите јазици се губат постепено кога тие ќе бидат „победени“ од доминантниот јазик во училиштето, телевизија и интернетот.
Проектот „Розета“ е обид да се зачуваат сите овие јазици, околу 1.500, за кои има голема веројатност за истребување пред крајот на овој век. Инспириран од оригиналниот камен Розета, идејата за проектот Розета е да создаде клуч кој ќе им овозможи на идните генерации да ги дешифрираат изгубените јазици.
Оригиналниот камен од Розета е создаден во Мемфис, Египет 196 година п.н.е. од македонскиот владетел Птоломеј V , кој содржи текст напишан на три различни писма. Со проучување на познати јазици и писма низ вековите, научниците успеаја да го дешифрираат древно египетското хиероглифско писмо, отварајќи ја кодираната историја на древната цивилизација.
Проектот Розета има за цел да создаде модерна верзија на историскиот камен Розета. Во неговото јадро е збир на „паралелни“ информации – исти текстови, ист вид на зборови, истите описи на над 1.500 човечки јазици.
Еден од нивните први прототипови е The The Rosetta Disk, со 7,6 сантиметри во дијаметар овој диск од никел содржи речиси 14.000 страници на информации микроскопски гравирани на неговата површина. Едната страна на дискот содржи графичка замка. Текстот започнува во скала што може да се чита и како спирала оди навнатре во постојано опаѓачки размер додека не стане премногу ситно за читање. Другата страна на дискот ги содржи вистинските зачувани податоци.
Дискот се наоѓа во сфера изработена од нерѓосувачки челик и стакло, што му овозможува на дискот изложеност на атмосферата, но го штити од повреди и абразија. Со минимална нега, лесно може да трае и да биде читлив илјадници години.
Неодамна, Фондацијата Long Now, брилијантните умови зад проектот, го објави новиот диск „Розета“, кој е диск со големина на привезок, многу помал од првото издание, но ги содржи истите вредни информации.
Достапни се само во ограничен број примероци. Можете да го добиете со донација од 1.000 долари или повеќе на фондацијата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.