Многу луѓе кренаа врева во врска со фотографија на која се гледа човек како стои во авион додека неговата сопруга мирно си спие на двете седишта. Кортни Ли Џонсон напишал дека неименуваниот човек стоел цели 6 часа за време на летот за да може неговата сопруга да спие и според него ова е „вистинска љубов“.
Сепак многу луѓе не се согласиле со Кортни, сметајќи дека жената е „себична“, а дека мажот се „плаши“ од неа. Дури имало и голем број на комични коментари, споредувајќи ја ситуацијата со трогателната сцена од Титаник. Што мислите вие? Имало ли потреба, или пак оправдана причина за вакво нешто?