Големиот и видлив белег може да направи училишното секојдневие да биде тешко за децата, но едни родители од Велика Британија изнашле контроверзен начин како да се справат со овој проблем. Тања и Адам Филипс си направиле огромни тетоважи на нивните нозе, исти како вродениот белег ногата на нивната осумнаесетмесечна ќерка Хани-Ре.
„Иако во нашите очи таа е совршена, знам дека луѓето сурово би посочувале кон неа и би зјапале.“
„Не обрнував внимание на тоа, сѐ додека не видов постара двојка како шепотат и зјапаат во ногата на Хани-Ре. Се вознемирив. Тогаш за првпат ја бев извел без да ѝ се покриени нозете, и тоа ги потврди сите мои грижи и стравови. Луѓето се сурови без воопшто да се свесни за тоа.“
„И пред тоа разговаравме за тоа дали да си направиме такви тетоважи, но тој ден конечно донесов решение.“
„Кога помина отокот, ѝ го покажав `белегот` на Хани-Ре, и таа нежно го допре и рече `исто`, посочувајќи на нејзината нога. Ако ми требаше потврда дека го направив правилниот избор, тоа беше тоа.“