Кога ќе ги фатат убијците си ја отслужуваат нивната казна, но што се случува со децата на овие чудовишта по нивните злосторства? Кога читаме и слушаме приказни за озогласени убијци ние се фокусираме на сторителите и нивната приказна. Но не размислуваме за децата на овие опасни криминалци чиј живот се променил поради безмислосните дела на нивните родители. Ова се 10 луѓе кои живеат во сенката на злосторствата на нивните родители и нивниот начин на справување со последиците.
Кери Равсон
Кери е ќерка на Денис Радер познат под псевдонимот БТК убиец, кој извршил 10 убиства во период од 1974 до 1991 година. По апсењето Денис бил осуден на 10 последователни доживотни казни затвор. Неговата ќерка Равсон за прв пат бла забележана од јавноста кога дала интевју во кое го критикува авторот Стивен Кинг. Кинг напишал кратка приказна со наслов „Добриот брак“ базирана на БТК убиствата, која што подоцна станала и филм. Кери вели дека таа и нејзината мајка не знаеле за убиствата се додека не го уапсиле Денис во 2005 година. Кери и нејзиниот сопруг биле во шок откако биле преплавени од новинари со многу прашања. Во наредните неколку години Кери редовно посетувала психијатар и одела во црква.
Мелиса Мур
Како ќерка на озогласениот „Смајли“ убиец Мелиса се уште не може да се справи со траумите од злосторството на нејзиниот татко. Кит Џесперсон убил 8 жени во период од 1990 до 1995 година, кога работел како камионџија и на полицијата и праќал писма каде ги опишувал своите дела а потписот му бил насмеано лице, т.е смајли. Мелиса имала 15 години кога нејзиниот татко се пријавил во полиција. Таа за да се справи со проблемот напишала книга, која треба да служи како утеха за сите блиски роднини на сериските убијци. Мелиса станала и водителка на ТВ емисија „Чудовиште во моето семејство“, каде што се раскажуваат приказните на луѓето блиски на убијците, кои таа ги нарекува „секундарни жртви“.
Мајкл Калингер
Денес животот на Мајкл Калингер е типичен но трагичен пример на син кој ги следи стапките на неговиот татко. Таткото на Мајкл, Џосеф Калингер бил шизофреничар кој бил малтретиран и злоупотребуван од луѓето кои го посвоиле. Во 1974 година Џосеф го убил својот син, братот на Мајкл, полицијата се посомневала затоа што една недела порано тој уплатил животно осигурување за децата. Но две недели пред убиството, Џозеф и тогаш 15-годишниот Мајк тргнале на убиствен поход, тие им се претставувале на луѓето како трговци им влегувале во домовите и ги убивале. Откако и двајцата биле фатени Џосеф тврдел дека е луд, но бил прогласен за виновен и осуден на 3 доживотни казни затвор, а додека Мајкл бидејќи бил под влијание на татко му бил затворен во институција до неговата 25 година, а потоа тој си го сменил името и започнал нов живот.
Јуриј Одначева
Наречен „Мевосек од Ростов“ Андреј Чикатило сексуално злоставувал и убил 54 луѓе. Иако изгледал како нормален семеен човек тој бил прогласен за „некро-садист“, некој кој ужива во смртта и страдањето на другите. Тој бил уапсен во 1990 година и осуден по 53 точки за убиство и егзекутиран во 1994 година. Неговиот син Јуриј имал неколку судири со законот и бил осуден за обид за убиство во 2009 година.
Метју Ридгвеј
Гери Ридгвеј убил 49 жени пред да биде фатен во 2001 година. Неговиот син Метју бил 26-годишен маринец кога неговиот татко бил уапсен, тој тврдел дека неговиот татко се однесувал „нормално“, го водел на фудбал, го шетал во паркот, но се пак тој не бил толку близок со него затоа што родителите му биле разведени.
Џен Карсон
во 1980 година Мајкл Карсон и неговата втора сопруга Сузам станале познати под името „Убијци на вештерки“. Тие убиле 3 луѓе затоа што сметале дека се вештерки и не покажале каење за нивните дела. Џен имала само 9 години кога го уапсиле татко и, таа вели дека била во депресија и имала пореметување во исхраната кога била тинејџерка. Таа сега работи како советник за млади лица чии родители се во затвор.
Стив Ходел
Стив не знаел дека неговиот татко е убиец се додека не починал. Ходел ги прегледувал работите на татко му и пронашол фотографија од жртвата на грозоморно убиство од 1947 година. Поранешниот полицаец Стив направил детална истрага која траела 10 години за да докаже дека татко му бил убиецот и успеал во тоа. Сега 74-годишниот старец живее со неговата девојка во Лос Анџелес.
Кени Кимс
Двајцата родители на Кени биле професионални измамници, кои правеле многу криминални дела. Кога Кени дипломирал неговата мајка му раскажала за татко му и како тој мистериозно починал, по што Кени решил да ја продолжи семејната традиција заедно со неговата мајка, која што резултирала со смрт на 3 лица. И двајцата биле осудени на доживотна казна затвор во 2001 година.
Катја Попков
Катја и нејзината мајка на почетокот на можеле да поверуваат дека полицаецот Михаил Попков е свиреп убиец. Но по доказите и признанието и двете се увериле во неговите злодела. Михаил убил 22 жени, а една од нив била и колешката на неговата ќерка. Катја сега е учителка, омажена е и очекува дете.
Мајкл Брунер
Чарлс Менсон е синоним за контрола и убиство, но тој исто така бил и татко на повеќе деца. Дури ни тој самиот не знаел колку деца има поради сексуалната природа на неговиот култ. Мајкл Брунер е негов син и син на Мери Брунер, која исто така бил дел од неговиот култ. Откако биле уапсени 18-месечниот Мајкл бил оставен да живее со родителите на Брунер. Мајкл вели дека не чувствува поврзаност со биолошките родители и не сака да се експлоатира во јавноста. Тој сега води тивок и семеен живот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!