Кенгурот Роџер изгледа како со години да посетувал теретана. Мускулестиот кенгур позира како вистински билдер, покажувајќи ги своите огромни бицепси, трицепси и набрекнатите вени. Роџер бил најден крај патот во 2006 година, крај неговата мртва мајка, и од слабо младенче се претворил во бестрашен воин.
Сега Роџер ги забавува посетителите во Алис Спринг, коишто доаѓаат во голем број, откако тој се прослави ширум светот. Со тежина од 89 килограми и висина од 2 метри, Роџер јасно им става до знаење дека би им било подобро да не се задеваат со него.