Единаесетгодишно дете кое било родено како девојче следната училишна година официјално ќе ја започне како момче, по решението да се подложи на третман со тестостерон како дел од процесот за промена на полот.
Сави Кли, родена како Саварни, уште од тригодишна возраст се сметала себеси за момче. Нејзината мајка Кетрин Мартин првично мислила дека е машкуданче, бидејќи одбивала да носи фустани и секогаш сакала да си игра со машки играчки, но бргу сфатила дека не се работи само за фаза.
„Кога имаше три години, беше вистински кошмар да го натерам да облече фустан“, вели мајката која веќе и самата своето дете го прифаќа како момче. „Тој ќе се налутеше и ќе почнеше да вика – зошто Престон е роден како момче, а јас не? Зошто Бог ме мрази? И јас сакам да ги имам тие работи кои ги имаат момчињата!
Тогаш не знаев никој трансексуалец и мислев дека едноставно е машкуданче. Тогаш тоа беше нешто ново за мене, но знаев дека нешто се случува“, вели мајката.
Психолозите подоцна потврдиле дека Сави има нарушување на половиот идентитет.
„Уште од првата сесија психолозите кажаа дека треба да си го промени полот. Тоа беше фантастично да го слушнам, бидејќи знаев дека ја носам вистинската одлука“, вели г-ѓа Мартин. „Кога стана очигледно дека тоа не е само фаза, на луѓето имав обичај да им кажувам дека ја губам својата ќерка. Тогаш работев како управител во погребна фирма и видов луѓе кои навистина си ги изгубиле своите деца. Си помислив колку е себично од мене да ја споредувам промената на полот со губење на дете.
Сави не се промени многу, бидејќи отсекогаш бил ваков. Беше лесно да се прилагодиме на промената бидејќи секој го знае ваков и јас секогаш се грижев тој да може слободно да се изрази себеси и да биде тоа што е.
Се обидев да најдам приказни за трансексуалци за да му ги покажам, и тој штом ги виде нивните трансформации се возбуди, и тогаш тоа стана реално за него. Никогаш не го терав Сави да крие кој е, така тој отворено кажува дека е трансексуалец.“
Сави и неговата мајка ќе се сретнат со специјалист за менување на полот следната година, кога тој ќе почне со хормонската терапија и официјално ќе си го промени името.
„Следната година Сави ќе може да носи машка униформа. Кога им соопштив на учителите за промената на полот, тие отпрвин беа загрижени како ќе биде прифатен од соучениците, но училишниот живот за него е добар, тој е толку многу сакан од другарите и наставниците, така што тие многу се грижат да му биде добро.
Тој знае дека луѓето ќе зборуваат и е подготвен на тоа. Никој претерано не го задева. Одвреме навреме некои деца ќе му кажат лоши работи, но тоа е дел од растењето. Тој е среќен и тоа е најважното. Тој навистина сака луѓето да имаат разбирање за нарушувањето на половиот идентитет и да му пружат поддршка.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!