Роден без очи, златниот ретривер Смајли не дозволил овој хендикеп да го осиромши неговиот дух и прекрасна личност и живее полн и продуктивен живот.
Џоан Џорџ, љубител на кучиња од Стуфвил, Канада, го посвоила прекрасното куче од локална шинтерска служба. Таа верува дека нејзината одлука да го запознае Смајли со глувата германска дога Тајлер била најдобрата одлука која ја донела. За Еј-Би-Си Њус изјавила:
„Тајлер беше толку живо, среќно и лудо куче што и Смајли се претвори во исто такво. Излезе од под масата под која секогаш се криеше“
Кога ретриверот почнал да се дружи со луѓе, Џоан сфатила колку е добар во тоа. Почнала да го носи Смајли да посетува луѓе во болници и училишта, со цел да ги разведри и охрабри.
Еден од пациентите кои се запознал со Смајли бил Теди, кој немал никакви комуникациски способности и воопшто не можел да зборува. Луѓето од персоналот никогаш не го виделе дури ни да се насмее. Но сето тоа се сменило кога дошол Смајли. Џорџ се присетува:
„Теди се насмевна веднаш штом го здогледа Смајли.“
Многу од луѓето кои се запознале со Смајли изјавиле дека или воопшто не забележале дека Смајли е слеп, или набргу заборавиле за тоа.
Смајли често налетува на предмети, но научил внимателно да ги обиколува. Кога чекори, ретриверот ги поткрева нозете високо за да го почувствува тлото околу себе и да почувствува дали има нешто му се испрачува на патот. Џоан го научила да го следи нејзиниот глас, сметајќи дека е од голема важност кучето да научи само да се снаоѓа, наместо да го води.