Тоа што многу научници со години предупредуваа дека ќе се случи, веќе е факт! Развојот на современите технологии доведе до сѐ помасовно навлегување на роботи во нашето секојдневие. Но, на изложба на напредни технологии во Кина се случи нешто неочекувано и посетителите станаа сведоци на „бунтот на машината против нејзиниот создател“. За време на изложбата во Шенжен, еден од роботите одеднаш „се шекнал“ и почнал да го руши штандот на кој бил изложен.

rb01

Вработен во компанијата производител веднаш тргнал да го врати „на вистинскиот пат“, но машината буквално го прегазила минувајќи преку него. Како резултат на тоа, инженерот бил сериозно повреден, по што медицинска екипа го изнела на носилка. Роботот многу наликува на R2-D2, прочуениот робот од „Војна на ѕвездите“.

rb02

Неговите творци од компанијата Еволвер се во целосна недоумица во поглед на тоа што можело да го предизвика неговото крајно агресивно поведение. Уште поголем проблем претставува фактот што роботот бил замислен и наменет за образовно-забавни игри со деца на возраст меѓу четири и дванаесет години.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено