Суват Чичантек пронашол необична жолта грутка во Тајланд во 2014 и 5 години ја чувал во неговиот дом. Без да ја знае нејзината вредност и намена со години ја резбал кога му било здодевно во неговата работилница.
Суват ја забележал џинската жолта грутка во морето Рајонг, источен Тајланд и ја однел дома затоа што му била необична.
Но, отако на вести слушнал приказни за исти такви грутки, 58-годишниот рибар сфатил дека неговата грутка е всушност „ambergris“ ретка состојка која се користи за производство на парфеми. Восочната супстанца, произведена во дигестивниот систем на китот, се користи како состојка во парфеми.
Неговата грутка вреди 28.000 евра, но би вредела повеќе доколку рибарот не ја оштетувал. Суват изјавил дека подобро би се грижел за неа доколку знаел колкава е нејзината вредност.
Тој вели: „Таа беше потешка и поголема кога прв пат ја најдов, но никој во селото не знаеше што е. Понекогаш кога ми беше досадно, ја резбав со нож со што стана помала. Сега навистина жалам што го направив тоа.“
Ambergris или познат како „Сив килибар“ е ценет со векови и се користи како фиксатор за скапи парфеми и лекови.