Религиските конфликти веќе 2000 години создаваат раздор помеѓу луѓето, велат научниците. Нова антрополошка студија од неколку мексикански археолошки сајтови кои датираат од пред 700 г. пр.н.е. е во спротивност со долгото верување дека религијата ги обединувала раните општества. Всушност, истражувачи од Универзитетот на Колорадо и Универзитетот на Централна Флорида веруваат дека таа имала спротивен ефект.

rl

По неколкугодишно теренско истражување во долината на Рио Верде и долината на Оаксака на мексиканското тихоокеанско крајбрежје, професорите Артур А. Џојс и Сара Барбер откриле дека локалните религиски ритуали помогнале да се формираат мали општествени врски кои што го одложиле развојот на институциите потребни за формирање на поголема заедница, т.е. држава.

Во периодот кој го поручувале – приближно од 700 г.пр.н.е. до 250 н.е. – тие откриле дека елитите почнале да доминираат со религиозниот живот и ја контролирале врската помеѓу заедниците и нивните богови, што довело до конфликт со лидерите на традиционалните заедници. Ова на крајот довело до формирање на регионална држава со главниот град Монте Албан.

Религиозниот конфликт во долниот тек на Рио Верде довел до брз пад на регионалните центри на моќ, при што околу 100 г. н.е. биле изградени огромни и величествени храмови, кои за само еден век ќе бидат целосно напуштени и запустени.

Проф. Џојс од Универитетот на Колорадо изјавува: „И во долината на Оаксака и во долината на Рио Верде, религијата била важен чинител за формирањето на историјата на раните градови и држави, но на различни начини. Ако се спореди улогата на религијата во општествениот живот и политиката денес, тоа не би требало да биде никакво изненадување.“

Сподели на Facebook
пати видено