Се викам Томас Витановски, роден сум во Чешка пред 45 години. Уште од рана возраст ги засакав автомобилите и моторите и таа страст ме следи низ целиот живот. Повремено учествувам во мотоциклистички трки, а професионално работам како механичар, па така ја засакав работата со челик. Еден ден, додека исфрлав некои стари делови од мотор ми дојде идеја – би можел да ги заварам едно со друго. Така лагери, запчаници, синџири и разни други делови почнаа да се трансформираат во животни, бубачки, автомобили, моторцикли…
Оттогаш мојата техника напредна и моите дела станаа посложени, со повеќе детали. Многу го сакам чувството кога ќе ми се јави некаква слика во главата и потоа следува процесот да ги најдам најпогодните делови за да ја реализирам во стварноста. Штом ќе го завршам проектот, ме исполнува чувство на гордост.
Сите мои дела се изработени од рециклирани автомобилски делови и делови од мотори, некои набавени од отпад, а други подарени од некои љубезни луѓе. Комбинирајќи ја мојата љубов кон уметноста, како и кон светот на моторите и колите, со желбата да работам со метален отпад, создавам скулптури кои се ценети поради нивната уникатност и нивниот многу личен и единствен стил на работа.