Маж го прашува пријателот:
– Добро бе Ацо, ти имаш две машки, а јас две женски. Кажи го рецептот, како одат тие работи? Два пати се обидовме со жената и сè женски.
– Смири се Мите, сега ќе ти го кажам рецептот. Ќе ја соблечеш жената гола и ќе и речеш да легне во средината на спалната. Потоа ќе се соблечеш и ти и ќе трчаш 40 најбрзи кругови околу неа. Потоа ќе излегуваш на терасата и ќе викнеш.
– Што да викнам беше Ацо?
– Како што? Па мене ќе ме викнеш…