Еден дебел човек отишол на лекар.
– Докторе, кажете ми што да направам за да ослабам?
– Каде живеете? – Прашува лекарот.
– Па во Кисела Вода.
– А каде работите?
– Во Ѓорче, но каква врска има сето ова?
– Па секое утро тргнувајте порано за работа и одете пешки од дома до Ѓорче, а и на враќање пак пешки. Така за 1 месец ќе ослабите барем 10 килограми.
– Ауууу докторе, нема ли друг начин? Толку многу одење секој ден! Ужас! – Многу исплашен рекол мажот…
– Добро тогаш, женет ли сте?
– Да.
– Па друг начин да симнете килограми е: Вечер три пати секс со жената, наутро пред работа пак три пати. Tака за две недели ќе ослабите 10 килограми.
– Во ред е докторе, еве го Ѓорче кај е…