Најбогата држава во светот е Катар со БДП по глава на жител од 146.011 долари, додека најсиромашна е Централноафриканската Република (ЦАР) со БДП по глава на жител од 639 долари.
Рејтингот за благосостојба на државите го направи Global Finance. Топ 10 најбогати се: Катар, Луксембург, Сингапур, Брунеи, Кувајт, Норвешка, ОАЕ, Хонг Конг, САД, Швајцарија, а топ 10 најсиромашни: Мадагаскар, Гвинеја, Еритреја, Мозамбик, Нигерија, Бурунди, Либерија, Малави, Конго и се разбира шампионот Централноафриканската Република (ЦАР).
Катар добил независност од Обединетото Кралство во 1971. Граничи само со Саудиска Арабија на југ и има морска граница со Обединетите Арапски Емирати. Најголемиот дел од земјата е пустина.
Според уставот од 2003 година, Катар е апсолутна монархија на чело со емирот Тамим бин Хамад Ал Тани. Во Катар нема политички партии, синдикати, ниту демонстрации.
Поглед на Доха, главниот град на Катар од птичја перспектива. Во главниот град Доха живее половина од населението на Катар..
ЦАР добила независност од Франција во 1960. Граничи со Судан, Јужен Судан, Конго, Чад, Камерун и е една од најмалкунаселените држави во Африка. Поради оддалеченоста на океаните и непристапноста на подрачјето, ЦАР била бела точка во европските карти од XIX век.
Државното уредување на ЦАР е претседателска република. Шефот на државата – Кетрин Самба-Панса е привремен претседател од 2014 година.
Поглед од птичја перспектива на Бангуи, главниот град на ЦАР, кадешто живеат повеќе од 730 илјади луѓе.
Според пописот од 2013 година, во Катар живеат 1,9 милиони луѓе (1,4 милиони од нив – мажи).
Жителите на Катар прават гозба во ресторан во Доха
Бројот на населението во ЦАР е пет милиони според пописот од 2012 година. Секоја година населението се зголемија за 2,1%. Просечната секоја жена раѓа по 4,7 деца, но стапката на смртност кај новороденчињата е висока: 102 на 1.000.
Во оваа кафетерија се служи појадок во централниот пазар на Банги
Villagio Mall, популарен трговски центар во Доха
Селски пазар во Баталимо, ЦАР
Просечната плата во Катар не е најголема во светот – 1.690 долари (податоци за 2015 година). Но, таму има многу бизнисмени…
Тој не дошол само да гледа во салонот на Ролс Ројс во Доха
Речиси 90 отсто од населението на ЦАР се од племенски групи групи и тоа: гбаја (33%), дојденци од Нигерија, банда (27%) – дојденци од Судан, нгбанди (дел од нив живее во Конго) и така натаму.
На патот кон главниот град на ЦАР
Меѓународниот аеродром Хамад во Доха
Авион на ОН слетува на аеродромот во Банги – Мпоко, кој се наоѓа во камп за бездомници
Ветеринарна болница за соколи во Доха
Болница во Банги
Продавница за накит во Доха
Ископување злато во рудниците Ndassima во ЦАР
Вештачкиот остров „Бисерот на Катар“ на пристаништето Порто Арабија, Доха
Дрвени кануа пренесуваат луѓе преку реката Убанги од Конго во главниот град на ЦАР