Еден човек тропа на вратата од собата на својот син.
„Чарли“, вели, „развуди се!“
„Не сакам да станам тато“, му одговара Чарли.

Таткото повторно:
„Станувај, мораш да одиш во училиштето!“
„Не сакам да одам во училиштето“, му вели Чарли.
Таткото го прашува:
„А зошто не сакаш?“
„Од три причини,“ вели Чарли. „Како прво, училиштето ми е досадно; второ, учениците ме зафркаваат; и трето го мразам училиштето.“
Таткото на тоа му возвраќа:
„Добро, сега јас тебе ќе ти кажам три причини заради кои мораш да одиш на училиште.
Како прво, тоа ти е обврска; второ, бидејќи имаш 45 години; а трето, затоа што си директор.“

Поука: Многу луѓе целиот свој живот го поминуваат правејќи го она што не сакаат да го прават. Разбудете се!

 

 

Сподели на Facebook
пати видено