Млада Јазидка сподели за ужасната тортура и силувања коишто ги претрпела од страна на исламистите од ИСИС, додека три месеци била држена како секс робинка. Надја Мурад Баси Таха го опиша своето кошмарно заточениство пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, молејќи ги светските лидери да ја збришат терористичката група. Дваесет и едногодишната девојка го опишала прогонството со кое јазидскиот народ се соочува од страна на ИСИС, коишто тргуваат со жените и децата од малцинското население како со „воен плен“.

„Силувањето се употребува како начин да се уништат жените и девојлите, како гаранција дека овие жени веќе никогаш нема да водат нормален живот“, вели Надја, видно треперејќи при напорот да ја раскаже нејзината приказна пред сите.

nd01

Надја пред петнаесетчлениот совет опиша како во август минатата година била грабната од нејзиното родно село во Ирак од страна на ИСИС. Потоа со автобус била однесена во зграда во Мосул, упориштето на ИСИС.

„Нѐ одведоа во Мосул заедо со уште сто и педесет други јазидски семејства. Во една зграда имаше илјадници јазидски семејства и деца коишто беа разменувани како подароци. Еден од тие луѓе ми пријде. Сакаше да ме одведе. Гледав долу кон подот. Бев апсолутно скаменета. Кога погледнав нагоре, видов огромен човек. Изгледаше како чудовиште. Плачев и извикав – јас сум премногу малечка а ти си огромен. Ме удри. Ме клоцаше и ме тепаше. По неколку минути дојде уште еден човек. Јас сѐ уште гледав кон подот. Видов дека тој беше малку помал. Го молев. Го преколнував тој да ме земе. Неверојатно се плашев од првиот човек. Човекот кој ме зеде од мене побара да си ја сменам религијата. Одбив. Тогаш, тој ја побара мојата рака, за брак, на извесен начин.“

nd02

ОН го оквалификуваа однесувањето на ИСИС кон Јазидите како можен геноцид, откако терористичката група спровела кампања на убиства, силувања, злоставувања и измачувања против немуслиманското малцинство. Тоа го поттикна Советот за безбедност на ОН да го префрли случајот до Меѓународниот кривичен суд.

nd05

Надја продолжила: „Таа ноќ тој ме тепаше. Побара да си ја свлечам облеката. Ме стави во соба со чувари и тогаш тие продолжија да го прават злосторството сѐ додека не се онесвестив. Ве преколнувам, целосно да се ослободите од Даеш (ИСИС)!“

  nd04

Надја успеала да избега три месеци по тортурата и сега живее во Германија, но неколку од нејзините браќа биле убиени од милитантите на ИСИС. Првиот состанок на Советот на ОН во врска со трговијата со луѓе се случи само еден ден по изјавата за осуда на трговијата со луѓе од страна на ИСИС и други како Боко Харам. Во изјавата стои дека „некои чинови поврзани со трговија со луѓе во контекст на вооружен конфликт може да се смета за воено злосторство.“

Сподели на Facebook
пати видено