Тони Кастро, внукот на Фидел Кастро се соочи со илјадници негативни коментари по објавувањето на лични фотографии на социјалните мрежи на кои го покажа богатството на неговото семејство.
Медиумите кренаа галама околу фотографиите непосредно пред прославата на 60-годишнината од револуцијата, предводена од неговиот дедо, кој владееше со Куба наредниот половина век.
Животот на најблиските роднини на поранешниот кубански лидер отсекогаш бил нешто тајно за надворешниот свет. И Тони Кастро, кој има малку повеќе од 20 години, до сега успеваше да не крева галама и покрај тоа што цело време има профил на Инстаграм.
Но некои медиуми дојдоа до личните фотографии на Тони Кастро, кои до сега беа видливи само за неговите 1300 претплатници, кои тој самиот ги одобрува.
И покрај тоа што голем број жители на Куба сѐ уште немаат леб за јадење, Тони Кастро не се срами да ја покаже својата страст за вкусни пијалоци и храна за време на прославата на роденденот на својот вујко.
Исто така момчето сака да се слика во своето BMW, како и на патувањата низ најпознатите туристички дестинации во светот.