Позлатено огнострелно оружје, бринети во бикини, сјајни автомобили, скапи часовници и егзотични ѕверови во улога на домашни миленичиња – така на Инстаграм изгледа животот на мексиканските мафијаши. Или во крајна мера, тие така би сакале да се прикажат еден на друг и на светот, употребувајќи ги хаштаговите #narcos и #narcostyle.
За родоначелници на идејата за онлајн гламуризација на животот на припадниците на организираниот криминал се сметаат синовите на Ел Чапо – познатиот мексикански наркобарон. Веќе е тешко да се разликува кои се сликите на вистинските главорези, а кои на нивните имитатори по социјалните мрежи.
Првата снимка со свирепиот домашен миленик ја поставил Алфредо Гусман, син на Ел Чапо и сегашен глава на картелот Синалоа.
Братот на Алфредо Гусман, Иван, повеќе ги сака железните ѕверови и објавува слики со своите суперавтомобили.
Најголемиот нарко-картел во Мексико е познат и како Guzmán-Loera Organization. Наркокартелот Синалоа под своја команда има околу 1000 борци.
Поранешниот шеф на Синалоа е Хоакин Арчивалдо Гусман Лоера, познат и како Ел Чапо (Малиот). Од 2009 до 2011 Гусман ги држел 41-то, 55-то и 60-то место во списокот на највлијателните луѓе објавен во Форбс, и се јавува како втор по значајност во Мексико после милијардерот Карлос Слим. На 22 февруари 2014 година, Гусман бил заробен од мексиканските власти во својот стан на плажата во Масатлана, Синалоа, без ниеден истрел. Но уште 11 јули 2015 година, Ел Чабо побегнал строго чуваниот затвор во Мексико; под неговата соба бил најден тунел долг половина километар. Додека тато е во бегство, неговите синови Алфредо и Иван го продолжуваат неговото дело, а во слободно време на Инстаграм го воспеваат својот начин на живот.
Во 1970-те и почетокот на 1980-те колумбиските наркобарони го сметале Мексико за втор коридор по важност – основните зделки ги остварувале преку карипскиот и флоридскиот коридор. Но владата на САД ја засилила контролата врз тие краишта и така значајноста на Мексико за пренесување на наркотиците значително пораснала. Во резултат на тоа, мексиканските групировки значително се зацврстиле во споредба со своите конкуренти од Централна Америка. Во 1989 година картелот Гвадалахара се поделил на неколку групировки: Тихуанска – под контрола на браќата Арејано, Хуареса – под контрола на Фуентес и Синалоа – под контрола на Гусман. Картелот Синалоа под своја контрола го зазел коридорот во Теката, Мехикала и Сан-Луис-Рио-Колорадо, преку кои наркотиците пристигале во Калифорнија и Аризона.
Украс со череп и коски – симбол на припадност кон Синалоа.
„Ха ха, ние немаме никаква врска со ова“ -гласи коментарот под оваа слика, на која се гледа изрешетан полициски автомобил.
Гангстерите покажуваат огромна љубов кон мачките. Но, нивните мачки се малку поголеми од обичните домашни миленичиња.
Наместо храна за мачки „Вискас“ – купчиња пари. А скапите часовници се слабост на Хоакин Гусман, третиот син на Ел Чапо.
Секој наркобос ги сака коњите.
Општо земено, тие ги сакаат животните.
„Денес носам…“
Повеќето кои го употребуваат хаштагот #narcos се грижат да не го покажат лицето.
Личната колекција на оружје – уште еден предмет за фалбаџиство на narcos.
За патување претпочитаат приватни авиони.
Ги посолуваат, или што…?