Ова повеќе личи како да ги наградуваат со сместување во хотел со 5 ѕвездички затоа што вршеле терористички активности, отколку да ги одвикнуваат. „Центарот за помош Мухамед Бен Наиф“ беше отворен во 2004 година во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Во него се сместуваат граѓаните на Саудиска Арабија, кои се обвинети за тероризам, вклучително и поранешните припадници на терористичките групи Ал-Каида и Талибанците, кои се обидуваат да се превоспитаат.

Во центарот идеологијата на џихадистите се заменува со идеологијата на вистинскиот ислам и убавиот живот. Поранешните терористи се чуваат во големи соби, имаат пристап до базен, фитнес сала, компјутерска сала, убави градини и многу повеќе. Психолози и истакнати религиозни личности работат со нив. Дозволено им е да можат да организираат вечери и да ги примат на гости роднините, сопругите и девојките. Рехабилитацијата трае 3 месеци, а потоа, ако некој сѐ уште не е на вистинскиот пат, се става во обичен затвор. Директорот на центарот изјави дека до сега во центарот престојувале 3300 лица, а 86% од нив засекогаш се откажале од идеите на теророт.

Сподели на Facebook
пати видено