Пејачката од Саудиска Арабија, Лиса А, сними рап песна во својот автомобил за да го прослави крајот на забранета за возење на автомобили од страна на жени. Во рап песната, со наслов „Ние возиме“, Лиса вели дека „нема потреба од таксисти“ и вели дека може да вози сама за прв пат.
Во песната исто така таа вели: „Нема потреба никој да ме однесе… возачката дозвола е со мене. Воланот е во моите раце, гасот е под мојата нога… го ставам појасот над мојата абаја.“