Рамче во полициска станица:
-Како се викаш?
– Рамче…
– Каде живееш?
– На „Гоце Делчев“ 14.
– Не лажи! (Му удираат добар ќотек и го фрлаат да преспие во притвор).
Вториот ден пак:
-Како се викаш?
– Рамче, бе пријателе…
– Каде живееш?
– На „Гоце Делчев“ 14.
– Пак лажеш! (Пак му удираат добар ќотек и го фрлаат да преспие во притвор).
Третиот ден се повторува истото и на полицајците им здосадило и го пуштиле. Рамче се враќа дома и го пречекува Ајша:
– Ој Рамче мој!!! Криј се бргу под креветот. Цели 3 дена доаѓаат полицајци и прашуваат „Овде ли живее Рамче?“, а јас им велам „Нема таков човек овде“…