Еден човек оди во рајот и пред влезот му кажуваат:
– Го гледаш ли оној часовник со твоето име?
– Да.
– Тоа е твојот часовник. Секој човек си има по еден часовник. Кога некој човек ќе излаже, неговиот часовник се мести по 1 секунда напред. Твојот покажува дека ти си добар човек и ќе одиш во рајот.
– А зошто овде меѓу илјадниците часовници не гледам ниту еден часовник со името на некој македонски политичар?
– А, тие часовници се специјални. Си ги ставаме на ѕидовите и си ги користиме како вентилатори.