Неискажливото човечко страдање и имотна штета во катастрофата во Фукушима е добро документирана, но постои и друга популација која многу страдаше, а која малкумина ја спомнаа – тоа се животните кои беа оставени во радиоактивната зона. Но еден човек не ги заборави – 55-годишниот Наото Мацомура, бивш градежен работник кој живее во опасната зона за да може да се грижи за четвороношците кои успеаја да преживеат.
Го знаат како “Чуварот на животните во Фукушима“ поради работата која ја врши хранејќи ги животните оставени од луѓето кои најбрзо што можеа се евакуираа. Тој е свесен за радијацијата на која се изложува секојдневно, но вели дека „одбива да се грижи за тоа“. Но сепак превзема предострожни мерки, хранејќи се исклучиво со храна која е внесена надвор од опасната зона.